Агримак е дигитален асистент за земјоделски стопанства, создаден за да го олесни секојдневното управување со земјоделското производство.
Преку практични дигитални алатки, земјоделците можат полесно да ги евидентираат активностите, да ги следат трошоците и приходите, да креираат извештаи и да добиваат навремени информации за актуелните програми и мерки во земјоделството.
Управувањето со едно земјоделско стопанство бара време, добра организација и постојано следење на активностите и трошоците. Агримак ги обединува овие процеси на едно место, овозможувајќи поедноставна евиденција, подобар преглед на работењето и полесно планирање на производството.
Преку практични дигитални алатки, земјоделците можат полесно да ги евидентираат активностите, да ги следат трошоците и приходите, да креираат извештаи и да добиваат навремени информации за актуелните програми и мерки во земјоделството.
Нашата мисија е да им помогнеме на земјоделците во Македонија полесно да управуваат со своето производство преку достапни и практични дигитални алатки и навремени информации.
Веруваме во земјоделство во кое технологијата и податоците се важен дел од секојдневното работење. Нашата визија е да придонесеме кон поорганизирано, поинформирано и дигитално развиено земјоделство во Македонија.
Агримак ја развиваме со фокус на реалните потреби на земјоделците. Се стремиме кон едноставни решенија што го олеснуваат секојдневното работење, овозможуваат подобар преглед на резултатите и помагаат при планирањето и донесувањето одлуки.
Со Агримак, земјоделците добиваат пристап до алатки за:
Организирано следење на работните активности, трошоците и приходите.
Подобар преглед на работењето, финансиските резултати и носење на правилни одлуки.
Пресметки за потребните количини семенски материјал, ѓубрива и средства за заштита.
Помош при подготовка на бизнис планови за националните програми и ИПАРД.
Сите потребни информации за јавни повици, субвенции и земјоделски програми.
Можност за комуникација и консултации поврзани со користењето на платформата и земјоделските програми.
Над 1.000 регистрирани корисници на SMS известувањата на Агримак добиваат информации за јавни повици, субвенции, ИПАРД и други земјоделски програми. Нашата цел е важните информации да бидат подостапни и навреме да стигнат до оние на кои им се потребни.
Организирај го твоето производство брзо, едноставно, ефикасно директно преку твојот мобилен телефон.