Agrimak APP

Услови за користење

Последно ажурирање: Мај 2026

Со користење на Agrimak мобилната апликација и веб-платформата, корисникот се согласува со овие Услови за користење.

1. Опис на услугата

Agrimak е дигитална платформа за:

  • управување со земјоделско стопанство
  • евиденција на активности
  • финансиска анализа
  • генерирање извештаи
  • AI бизнис планови
  • известувања за програми во земјоделството и руралниот развој
  • организација на производството

2. Кориснички профил

Корисникот:

  • е одговорен за точноста на внесените податоци
  • е должен да ја чува доверливоста на лозинката
  • не смее да го споделува својот профил со трети лица

Agrimak има право да суспендира профил при злоупотреба.

3. AI Disclaimer

Функциите за модулот AI бизнис планови на Agrimak се информативни.

Agrimak не гарантира:

  • точност на внесени податоци од страна на корисник
  • комплетност на податоци од страна на корисник
  • финансиски резултати
  • успешност на апликации за грантови
  • успешност на инвестиции
  • земјоделски резултати

AI содржината не претставува:

  • официјален финансиски совет
  • правен совет
  • совет од агроном

Корисникот е одговорен за сите одлуки и активности.

Секој бизнис план се прегледува и корегира од страна на стручни лица согласно внесените податоци. За точноста на овие податоци одговорноста е на корисникот.

4. Ограничување на одговорност

Agrimak не е одговорен за:

  • финансиски загуби
  • загуба на податоци
  • прекин на услугата
  • временски услови
  • болести или штети на култури
  • технички проблеми кај трети страни

Корисникот ја користи апликацијата во согласност со нејзината намена и сопствената проценка, при што Agrimak обезбедува континуирана поддршка за подобро корисничко искуство.

5. Интелектуална сопственост

Сите права поврзани со:

  • брендот Agrimak
  • логото
  • дизајнот
  • софтверот
  • кодот
  • базите на податоци
  • AI системите
  • текстовите и визуелните елементи се сопственост на АГРИМАК АПП ДОО.

6. Достапност на сервисот

Agrimak може повремено:

  • да врши надградби
  • да ажурира функционалности
  • привремено да прекине дел од услугите

Agrimak е дизајниран да обезбеди високо ниво на достапност на услугите, при што повремени прекини може да настанат заради техничко одржување и подобрување на системот.

7. Прекинување на користење

Agrimak има право:

  • да суспендира и избрише профил
  • да ограничи пристап

Доколку настане прекршување на условите за користење на Agrimak.

8. Измени на условите

Agrimak може периодично да ги измени овие услови. Продолженото користење на платформата претставува согласност со измените.

9. Надлежност

За сите спорови се применуваат законите на Република Северна Македонија. Надлежен суд е основен суд во Република Северна Македонија.

10. Контакт

АГРИМАК АПП ДОО

Е-пошта: info@agrimak.com.mk
Веб-страница: https://www.agrimak.mk