Политика за приватност
Добредојдовте во Agrimak. Оваа Политика за приватност објаснува како АГРИМАК АПП ДОО (во понатамошниот текст: „Agrimak“, „апликацијата“, „ние“, „нашите“) ги прибира, користи, обработува, чува и заштитува личните податоци на корисниците.
Со користење на мобилната апликација, веб-страницата и услугите на Agrimak, вие се согласувате со условите наведени во оваа Политика.
1. Кои информации ги прибира Agrimak?
Agrimak прибира информации кои се неопходни за функционирање на услугите, подобрување на корисничкото искуство и обезбедување на функционалностите на платформата.
1.1 Основни кориснички информации
Може да прибира:
- име и презиме
- телефонски број
- е-пошта
- лозинка (во шифрирана форма)
- кориснички ID
- фотографија на профил (доколку е поставена)
1.2 Информации за земјоделското стопанство
Може да се прибираат:
- локација на парцели
- катастарски општини
- култури и површини
- земјоделски активности
- употребени репроматеријали
- финансиски податоци поврзани со производството
- механизација и опрема
- објекти и инфраструктура
- ИДБР на ЗС
1.3 Технички информации
Автоматски може да се прибираат:
- IP адреса
- тип на уред
- оперативен систем
- верзија на апликација
- crash logs
- аналитички податоци за користење
- информации за login сесии
1.4 Најава преку трети страни
Agrimak овозможува најава преку:
- iCloud
При користење на овие услуги, може да добиеме ограничени информации согласно поставките на корисникот и политиките на тие платформи.
2. Како ги користиме податоците?
Податоците се користат исклучиво за:
- функционирање на апликацијата
- евиденција на земјоделски активности
- генерирање извештаи
- генерирање AI бизнис планови
- персонализација на содржината
- испраќање нотификации и известувања
- подобрување на услугите
- техничка поддршка
- безбедност и спречување злоупотреби
3. AI функционалности
Agrimak користи AI технологии и API услуги за генерирање на:
- AI бизнис планови
- анализи
- препораки
- текстуални предлози
- финансиски и организациски модели
Во рамки на овие функционалности, може да се користат AI сервиси од трети страни, вклучително и Google Gemini API.
Корисникот е согласен дека:
- AI резултатите се информативни
- не претставуваат официјален финансиски, правен или совет од агроном
- Agrimak не гарантира 100% точност на AI содржината
- корисникот е одговорен за конечните одлуки и активности
4. Споделување на податоци
Agrimak не продава и не изнајмува лични податоци.
Податоците може да бидат споделени само:
- со доверливи технички партнери
- cloud и hosting провајдери
- аналитички и безбедносни сервиси
- кога тоа е законски задолжително
Сите партнери се обврзани на доверливост и безбедност.
5. Безбедност на податоците
Agrimak применува:
- енкрипција на податоци
- заштитени login системи
- ограничен пристап
- редовни безбедносни ажурирања
- мониторинг и заштита од злоупотреба
Применуваме современи безбедносни стандарди и практики со цел да обезбедиме високо ниво на заштита на податоците и сигурност на системот.
6. Колачиња (Cookies)
Веб-страницата и апликацијата може да користат cookies за:
- login сесии
- аналитика
- подобрување на функционалноста
- безбедност
- персонализација
Корисникот може да ги контролира cookies преку поставките на прелистувачот или уредот.
7. Чување на податоците
Податоците се чуваат:
- додека постои активен кориснички профил
- согласно законските обврски
- онолку долго колку што е неопходно за функционирање на услугите
Backup и технички логови може привремено да се чуваат согласно безбедносните политики.
8. Права на корисниците
Податоците се чуваат:
- додека постои активен кориснички профил
- согласно законските обврски
- онолку долго колку што е неопходно за функционирање на услугите
Backup и технички логови може привремено да се чуваат согласно безбедносните политики.
9. Права на корисниците
Корисникот има право да:
- го деактивира и комплетно избрише целиот профил
- побара пристап до своите податоци
- да направи исправка
- да направи ограничување на обработката на податоци
- поднесе приговор
- побара пренос на податоците
За сите барања:
Е-пошта: info@agrimak.com.mk
10. Малолетни лица
Agrimak е наменет за корисници од сите возрасни групи, вклучително и малолетни лица. Доколку корисникот е малолетен, препорачуваме користење на апликацијата под надзор или со согласност од родител или законски старател. При обработката на лични податоци се постапува во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.
11. Меѓународен пренос на податоци
Одредени технички сервиси и cloud системи може да бидат хостирани надвор од Северна Македонија.
Во такви случаи Agrimak применува соодветни безбедносни и договорни механизми согласно GDPR принципите.
12. Измени на политиката
Agrimak може периодично да ја ажурира оваа Политика.
Сите измени ќе бидат објавени на веб-страницата и во апликацијата.