Агримак нуди дигитални алатки создадени за полесна организација, подобра анализа и поефикасно управување со земјоделското производство.
Агримак е дигитална платформа наменета за модернизација и унапредување на управувањето со земјоделските стопанства.
Преку шест интегрирани модули, апликацијата им овозможува на земјоделците поорганизирано да ги евидентираат своите активности, да ги анализираат податоците, да ги оптимизираат производствените трошоци, да планираат идни инвестиции и навремено да добиваат информации за можностите за финансиска поддршка.
Основната цел на Агримак е да го намали административниот товар, да го олесни секојдневното работење и да им помогне на земјоделците да донесуваат поинформирани одлуки врз основа на податоците од сопственото стопанство.