Агримак нуди дигитални алатки создадени за полесна организација, подобра анализа и поефикасно управување со земјоделското производство.
Внесувај ги сите земјоделски операции на едно место — приходи, трошоци и извршени активности. Agrimak ти овозможува комплетна дигитална евиденција за подобра организација, поголема продуктивност,анализа и прецизно планирање.






Автоматски генерирај детални извештаи за твоето земјоделско производство и добиј јасна анализа на преземени агротехнички мерки, трошоци, приходи, и остварени резултати.
Пресметај точни количини на ѓубрива, пестициди и семенски материјал за твоето производство. Преку едноставни и брзи калкулации намали трошоци и оптимизирај го производството.






Интелигентни AI решенија за вашата следна инвестиција – професионално структуриран бизнис план согласно условите и критериумите на ИПАРД или Национална програма. Едноставно внесете ги вашите податоци, следете неколку брзи чекори и добијте подготвен бизнис план за аплицирање.
Обезбеди навремени известувања и информации преку интелигентен систем за push нотификации кој ги информира корисниците не само за нови јавни повици и програми, туку и за важни известувања поврзани со користењето на апликацијата, како и персонализирани агрономски препораки специфични за регион, период и конкретна култура. Добивај релевантни известувања и информации токму кога ти се најпотребни и донесувај информирани одлуки.






Имај директна комуникација и корисничка поддршка со стручни консултанти од одредената област преку апликацијата и интегрираниот chat систем, кој овозможува за секој корисник брзо и едноставно да добие персонализирана помош според своите конкретни потреби. Без разлика дали станува збор за техничка поддршка, стручни агро совети, инвестиции или консултации за програми и мерки, Agrimak ти обезбедува сигурен пристап до релевантни информации и експертска поддршка за побрзо решавање на проблемите, посигурни одлуки и поголема доверба во секој чекор од твојот развој.